Продукциите Sender и Big Up, кои стојат позади REEL ROCK документарниот серијал, ја лансираат својата нова соработка со Google, Street View искуството на Мон Блан. Проверете го овој проект со истражување на интерактивниот веб-сајт изграден во соработка со Ubilabs, каде што можете да погледнете и краток филм, да траверсирате низ планината преку прекрасните 360 ° панорамски слики или да се искачувате по нормалната насока во Street View.
Sender и Big Up најпрвин соработуваа со Google за да ги прикажат вертикалните ѕидови на Yosemite со најдобрите светски алпинисти. Овој пат отидоа и до Шамони, Франција, Мека за алпинистите и скијачите, за да направат прекрасно доживување кое им овозможува на корисниците да ја истражуваат највисоката и најпознатата планина на Алпите – Мон Блан. Корисниците можат да ја доживеат планината преку очите на најголемите алпинистички атлети во Европа – вклучувајќи го и “Swiss Machine” Ueli Steck, француската качувачка легенда Catherine Destivelle и рекордерот и ултра тркач Kilian Jornet.
skimacedonia

