SnowKidz настан – натпреварувај се како ПРО

Клубот Полар кој е целосно посветен на популаризација на зимските и аутдор спортовите кај младата популација оваа година во соработка со ски центарот Заре Лазаревски – Маврово ќе организира серија од дванаесет SnowKidz настани.
Серија натпревари во паралелен велеслалом за скијачи и сноубордери за млади на возраст U8, U10, U12 и U14 за почетници и аматери кои секој викенд ќе се одржуват во текот  целата ски сезона од 30.01.2016 до 31.03.2016 година.

snowboard-giant-slalom-mavrovo-polar-skimacedonia CUT

Овие настани се и официјално пријавени во ФИС оделот FIS SnowKidz кој има за цел афирмација и популаризација на зимските спортови помеѓу младите.

Бесплатен превоз за учесниците со автобус до Скопје, поаѓање во 7 часот пред салата Борис Трајковски. Стартот е закажан за во 11 часот.
Медал и диплома за најдобрите, а за најмалите учесници сендвич и пијалок.

Можност секој да се пријави и натпреварува на email kire@polar.mk, а важи за деца до 14 години.

skimacedonia.mk како посветен информатор за зимските спортови и оваа сезона ќе ги следи настаните со цел одблизу да бидете информирани за сите случувања низ белите падини на Бистра.

PicMonkey Collage3_2_xthmb polar

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки