Во меѓувреме и второ полувреме од утакмицата “Шестосед”

popova sapka

Денес од неформалната иницијатива „Спас на Попова Шапка“ во која влегуваат туристички работници, хотелиери, стопанственици како и сите оние кои ја сакаат Попова Шапка да функционира во вистинско светло, изразија јавна критика и незадоволство од целите активности (некатинвости) на владата поврзани со ски центарот Попова Шапка.

Хамди Сулејмани кој е еден од иницијаторите на „Спас на Попова Шапка“ изјави „Од информациите што ги имаме директно од дирекцијата на ЕЛЕМ и ЕЛЕМ Турс, се вели дека проблематиката со шестоседната жичница е голема. Звучи апсурдно, но ни рекоа дека ЕЛЕМ не пушта електрична енергија на својата ќерка фирма ЕЛЕМ Турс која ја гради шестоседната жичница. Иако еве сега гледаме дека тука се одвиваат некои градежни работи, и има изгледи дека годинава ќе биде завршена изградбата, повеќе од сигурно е дека жичницата нема да биде пуштена во употреба токму поради струјата. Техничкиот прием ќе биде дури во март или април 2019 година. ЕЛЕМ не дава струја бидејќи во техничката документација за градба на жичницата не било предвидено поврзување на жичницата со трансформаторот па за тоа ќе требало да се направи нов проект“

ЕЛЕМ пак реплицираше дека„Прават максимални напори работите на шестоседот да завршат до 15 декември. Активностите на терен се во тек и категорично негираме дека има некаков проблем со електрична енергија и слично. Не знаеме од каде се тие информации кои ги изнесуваат одредени поединци, но како дирекција на ЕЛЕМ и како основачи и сопственици на ЕЛЕМ Турс тврдиме дека нема такво нешто и жичарата забрзано се гради“

 

 

Утринава објавивме:

Новата сезона со нов лифт, продолжува изградбата на шестоседот

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки