Новата сезона со нов лифт, продолжува изградбата на шестоседот

Продолжува да се гради шестоседот на Попова Шапка

DSC_0079 - ski lift chair lift shestosed shar planina popova sapka ski centar skopje
Шестосед инсталацијата, Попова Шапка
И утрово работат машините околи новата ски лифт инсталација. ЕЛЕМ продолжи да го гради шестоседот на Попова Шапка, откако во два наврати градежните активности беа стопирани, затоа што компанијата не ги исполни еколошките дозволи за градба. Од ЕЛЕМ истакнаа дека сите документи се обезбедени и притоа уверуваат дека шестоседот ќе биде готов пред почетокот на новата скијачка сезона.

Стартната кота е на 1710 метри, а крајна точка на овој шестосед е на висина од 1988 метри, а капацитет на пренос на ваквите лифтови е до 4500 скијачи на час. Должината на инсталацијата е 1320 метри.

Шестоседот преставува значајна инвестиција за центарот, кој ќе понуди побрз транспорт на скијачи и туристи, како и подобрена слика за туристичката понуда. Фала богу!

Но да не пропуштиме да наведеме. Иако е прва сериозна инвестиција после 40 години, сепак Попова Шапка како ски центар сериозно заостанува зад регионалните ски центри кои постојано во континуитет инвестираат во целокупната инфраструкутра. Конфигурацијата на теренот и можностите на планината се буквално без конкуренција, каде терените се дадени како поклон од природата, а речиси и да нема потреба од градежни машини за да се направи ски патека.

Наспроти тоа, на Попова Шапка забрзано се инвестира во нови верски објекти каде ќе можат скијачите слободно, неограничено да се молат за повеќе снег и надеж за подобар туризам кој ќе донесе благодет. Општина Тетово целосно го има запоставено и заборавено центарот и излетничките места кои пливаат во ѓубре, а околните логистички улици низ населбата се вистинско место каде можете да си го искршите возилото, не ја пропуштајте приликата!

Пред неколку месеци владата распиша тендер за избор на консултант за проценка на центарот, постапка која на крај треба да заврши со продажба и приватизација на Попова Шапка.

adrian&mathias_untouchedlines popova sapka shar mountain eskimo freeride
Шар Планина, Јелак

 

 

Проверете како е во моментов на Попова Шапка

Webcams

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки