
Низ годините наназад се потрошија многу пари за многу анализи и физибилити студии. И најглупавиот план за развој е подобар од 40 години нула инвестиции и тотална запуштеност. Изминатите години се превземаа одредени активности и инвестици, но дискутаблно е кој и како ги прави физибилити студиите. Секаде каде што се стави лопата излегоа куп проблеми. Но, надвор од тоа владата треба да пресече како што сече за автопат, железничка пруга, хидро централа и други поголеми инфраструктури проекти, дека треба да инвестира стотина милиони евра во период од една декада во овој планински центар. 100 милиони евра развлечени во 8-10 национални буџети се поднослив залак, ако се постават здраво првичните инвестиции, кои во форма на зголемени приходи ќе бидат сериозна поддршка на планираниот развоен буџет. За споредба Скијалишта Србија за 2019 година има остварено добивка од над 6 милиони евра и е рангирано како трето најпрофитабилно претпријатие одма после Србија Гас и Електрани Србија.
Економскиот бенефит од подобрување и зголемување на капацитетите на туристичкиот сервис е огромен на долг рок. Ќе придонесе за дополителна анимација на локалното население и градовите Тетово и Гостивар. Активности поврзани со четири сезони туризам и туристички сервиси. Зголемена потрошувачка на широк спектар локални производи и услуги и зголемена мобилизација на приватен капитал.
Но во меѓувреме да се вратиме на реалноста, а таа е дека, економска анализа за Попова Шапка, е доставена до Елем Tурс и набрзо ќе биде предадена до владата заедно со физибилити студијата најдоцна до 20 октомври.
Двете анализи првично ќе ги разгледа одборот на директори на ЕЛЕМ, а тие на крајот ќе треба да ги достават до Владата за потоа да се донесе одлука за судбината на Попова Шапка. Овој туристички центар долги години е без инвестиции. Многу иницијативи и здруженија барале и бараме да се инвестира по примерот на центрите од соседните земји и да се искористи огормниот потенцијал и капитал на центарот. Врз основа на анализите, ќе се донесе одлука дали Попова Шапка ќе биде доделена со концесија или ќе оди на јавно – приватно партнерство.
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека по добивање на анализата, тие ќе решат што ќе прават со Попова Шапка.
“За подготовка на “due diligence“ беше ангажирана компанија задолжена да направи анализа, на финансискииот и правниот аспект за ЕЛЕМ. Во период од две до три недели, според информациите што ги имам, треба да се достави и физибилити студијата и врз основа на овие два документа Владата и Електрани на Македонија ќе донесат одлука што ќе решат за иднината на Попова Шапка”
skimacedonia
