Од денес 28.03.2018 до крајот на сезоната дневната ски карта на Шапка поевтина

Од денес, 28.03.2018 г (среда) до крајот на скијачката сезона низ ски центарот Попова Шапка ќе можете да скијате поевтино, дневниот ски билет изнесува 600 денари, полудневна 500 денари, ноќното скијање 500 денари.

Работат сите лифтови, за викенди и во текот на работните денови , освен двоседот  Св.Илија кој е во дефект.

Викендот ќе биде во знакот на 1 Април, па сабота и недела ќе има активности и забава под маски.

  • Дневен билет – скијање од 09:00 до 15:30 часот – 600 денари.
  • Полудневен билет – скијање од 12:00 до 15:30 часот – 500 денари.
  • Билет за ноќно скијање од 20:00 до 23:00 часот – 500 денари.
  • Ноќевање во хотел „Славија“ и хотел „Попова Шапка“ – 800 денари.
  • Полн пансион во хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ – 1.105 денари.

Уживајте и искористете ги последните пролетни денови низ падините на сочевата Шара и Попова Шапка. Условите на патеките се пролетни, наутро снегот е компактен, на пладне растопен со зголемена влажност. Внимавајте на заледени блокови.

Не заборавајте да ја заштитите и сочувате околината, вашиот отпад доколку сте во можност понесете го со себе, или оставете го на места одредени за тоа. Ве молиме не го фрлајте на било кое место низ планината.

Фото денес, 28.03.2018 год. Попова Шапка, ски патека/лифт Ајдучка рамнина (Ге),

IMG-99a421 popova sapka ajducka ramnina srt

IMG-fe25e9popova sapka ajducka ramnina srt

IMG-4dc8d16f popova sapka ajducka ramnina srt

29663361_popova sapka

29693692_popova sapka

29750896_popova sapka

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки