Valley Uprising ќе се прикажува на Discovery Channel на 25 април

Во случај да пропуштивте да го погледнете Valley Uprising (Бунт во долината) за време на Reel Rock филмската турнеа која го опфати и Скопје, ќе имате прилика да го направите тоа претстојниов викенд. Discovery Channel ќе го емитува овој наградуван филм кој ја документира историјата на качувањето во Јосемити долината на 25-ти април во 8 часот источно време (ET) или кај нас во 2 наутро, со што ќе го започне таканаречениот Elevation Weekend. Во 22 часот (т.е. 4 ч.), веднаш по Valley Uprising спремете се и за филмот Everest Avalanche Tragedy (Лавината на Еверест), филм кој сведочи за напорите и спасувањето по лавината на Khumbu Icefall, зоната непосредно над базниот камп на Еверест, во кој загинаа 13, а исчезнаа три лица.

valley up

Elevation Weekend е потполно нов годишен телевизиски настан, кој ќе продолжи да ја воспоставува посветеноста на Discovery како дестинација за подобро разбирање и прослава на природата” изјави Рич Рос, претседател на Discovery Channel.

„Valley Uprising ќе ги однесе гледачите на места со извонредна природна убавина кои тие инаку никогаш не би ги искусиле во својот живот“, вели Џон Хофман, извршен потпретседател за документарци. „Овој несекојдневен филм ја раскажува приказната за тоа како Јосемити стана нултата точка на многу генерации алпинисти и терен за докажување на елитата во спортот“.

„Valley Uprising е проект за ова место кое го сакаме и на кој страсно се посветивме седум години“, изјави ко-креаторот на филмот Петар Мортимер, “И не би можеле да бидеме по возбудени поради тоа што здружиме со Discovery во приближувањето на нашата приказна до нивната голема публика.”

Долината Јосемити е позната како Мека за качување, која ги привлекува модерните качувачки сензации како Алекс Хонолд, Дин Потер и Томи Колдвел, како и легендарните алпинисти Лин Хил, Џим Бридвел или Ројал Робинс. Valley Uprising ја истражува контра-културата и спортот низ приказните на оние кои беа таму од самиот почеток до денес, како качувањето карпи еволуираше од неговото потекло во слободната култура на секс, дрога и рокенрол во шеесетите, па се до модерен спорт, кој задржувајќи го дивиот дух, ги изнедри некои од најдобрите спортисти во Америка. Тие не се само алпинисти туку и раскажувачи кои го нарекуваа Јосемити свој дом и го познаваа секој ќош и пукнатина на неговите огромни камени гребени, смислувајќи го секој можен начин да ги искачат, и тоа секоја генерација туркајќи ги границите поставени од нивните претходници. Valley Uprising ја доби гран при наградата на Banff Mountain Film Festival во 2014 година.

Другиот дел од програмата на „искачувачкиот викенд“ кој ќе следува по Valley Uprising, ќе го вклучи и филмот Everest Avalanche Tragedy, филм кој нуди досега нечуени изјави на очевидци од спасувањето по лавината на Khumbu во 2014тата, кога загинаа 13, а исчезнаа три лица. Документарецот ќе содржи доста емоционални изјави и снимки од реално време, отсликувајќи ги напорите за мобилизација на шерпасите и спасувачите, кои итаа во потрага по преживеаните. Преку изјави на очевидци, гледачите ќе чујат за оваа ужасна трагедија и нејзините последици, од оние кои ја доживеале, вклучувајќи и интервјуа со оние кој одиграа клучна улога во напорите за спасување.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки