Качувачката ѕвезда Адам Ондра, еден од главните протагонисти во најновото 13то издание на REEL ROCK, деновиве беше во Македонија! Во Mаврово се обиде (и успеа!) да искачи насока со оценка 9а. Тој во рамките на истражувачката посета е следен од професионална снимателска екипа која вредно ги евидентира неговите вртоглави искачувања, кои секако ќе бидат дел од другите Reel Rock изданија.

….
Адам Ондра (1993) е професионален качувач од Чешка, специјализиран во спортско качување и болдер. Опишан во 2013 година како чудо од дете и водечки качувач на неговата генерација, Ондра е единствениот спортист што до сега го освоил Светското првенство во двете дисциплини, за време на изданието во 2014 година.
Ондра почнал да се качува на возраст од 6 години, а кога имал 13 години веќе искачил на насока оценета со 5.14d. Во списанието Rock and Ice се вели дека до 2011 година Ондра без проблем качувал онсајт со оценка 5.14c, а до 2013 година лесно ги повторил сите тешки насоки на светот. Од февруари 2018 година, Ондра искачи 1491 насоки со оценки меѓу 8a (5.13b) и 9c (5.15d), од кои една беше со 9c (5.15d), три беа со 9b+ (5.15c) и три беа онсајт со 9a (5.14d).
Ондра исто така е единствениот качувач кој качил насока со предложена оценка од 9c (5.15d) (Silence, 3 септември, 2017). Според The Economist Ондра се смета дека е можеби најдобриот качувач што некогаш допрел карпа.
Тишина
Еден од филмовите во најновото 13то издание на REEL ROCK, е и филмот за Адам Ондра и неговото ултимативно искачувањето на насоката Тишина (Silence) со оцена 9c! Тишина (порано позната како Project Hard) е ужасно тешка насока за качување лоцирана во пештерата Hanshelleren во Флатангер, Норвешка. Се до ноември 2017 година, се сметаше дека е најтешката насока што некогаш е искачена и единствената насока во светот која има предложена оценка од 9с (5.15d). Беше оклинчена од страна на Адам Ондра во 2012 година, кој прв ја качи на 3 септември 2017 година. Ондра ја опиша како „многу потешко од било што друго“ што претходно го направил, и претпазливо ја предложил оценката 9c. Насоката првично беше наречена Project Hard бидејќи беше потешка од било која друга претходно искачена. Неколку дена по завршувањето, Ондра ја преименуваше во Тишина, наведувајќи дека кога се качувал, почувствувал чувство на внатрешна тишина, а исто така дека по завршувањето се чувствувал неспособен да вриска од возбуда, што е неговата вообичаена реакција при завршувње на искачувањата.
Качувањето на Тишина му одзеде на Ондра повеќе од 4 години вежбање и тренинзи, и секако долгорочна посветена подготовка, вклучувајќи и обемни ментални и физички тренинзи за специфичните потешкотии низ насоката.