Хиршер со принова агендата се менува

c834fe5d3741da6a602564a80416668c_169_l HIRSCHERСтана татко за прв пат, а во Салцбур е родено првото детенце на осумкратниот шампион во Ски Куп едно подруго, објавија светските медиуми.

Овој ас во скијањето од светска класа , австриецот Marcel Hirscher стана татко. Тој и неговата сопруга Laura Moisl (негова долгогодишна партнерка) се израдуваа на синчето кое дојде на свет на 7ми Октомври во клиника во Салцбург.

Marcel и Laura ја објавија веста за своето прво синче уште во мај со фото на Инстаграм со наслов “Вистинската авантура започнува токму сега” а при фотографија на мини ски кондури. Потоа во јуни двојката се венча на Ibiza. На почеток на јули Hirscher и откри на јавноста како во иднина ја гледа својата улога на татко, подвлекувајќи дека со тоа нема да биде подреден само на професионалниот спорт: “Сега ми се менуваат приоритетите”.

View this post on Instagram

The real adventure starts right now.

A post shared by Marcel Hirscher (@marcel__hirscher) on

 

Осумкратниот победник во Светски куп и најдоминатниот скијач изминативе 10 години, Hirscher ќе ја започне сезоната во Soelden на крај на месецот.

Како дополнување на оваа убава вест е и дека легендата Bode Miller стана татко по четврти пат на 5ти Октомври, само четири месеци по трагичната смрт на неговата 19 годишна ќеркичка која се удави несреќно во базен во jули. Miller кој се повлече од професионалниот спорт во 2017 година заедно со неговата сопруга е од 2012г и имаат уште едно синче, додека тој има уште две деца од претходни врски. Неодамна пред раѓањето на новото детенце изјавија дека пројдоа низ период кој бил тежок не само за нив туку и за нивните најблиски кои биле потресен од настанот, но мораа да направат нов исчекор во животот.

Bode Miller се пензионираше со 2 титули од Светскиот Куп при 33 победи на трки.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки