На утрешната машка трка во рамките на светскиот куп во Sölden ќе настапи и нашиот најдобар репрезентативец Антонио Ристевски. Трките започнуваат од 10 часот , а Антонио е дел од натпреварите во дисциплината, велеслалом.
Антонио ќе стартува со реден број 89 , а би требало да скија околу 11 часот.
“Условите на патеката се многу добри, како и временските услови. Се надеваме дека Антонио ќе има релативно добри услови на стазата, секако поради лошиот стартен број (патеката го нема истиот квалитет како на почетокот) ќе биде многу тешко” – Изјави Иван Лесевски тренерот на репрезентацијата.
skimacedonia

