Човекот што пред година дена го искачи својот прв врв а потоа сите во Македонија и највисокиот во Европа

Стојчев Стоилко започна со планинарење пред една година. На 18 октомври минатата година ја изоди својата прва тура – трансферзалата Македон (Папрадиште – Солунска глава – Караџица), со прв искачен врв Солунска Глава 2540 м.

Од тогаш, за цела година до 18 октомври 2016, искачи 55 врва сите над 2000м, а за период од 9 месеци, по првото негово искачување, успешно го искачи и највисокиот врв во Западна Европа, Монт Блан 4810. Во меѓу време Стоилко, ги истрча Скопскиот полумаратон на 21км, Охридски маратон 31 км, Крали Марко 31 км, Момата 19км.

Од позначајните врвови искачени се: Монт Блан 4810м (Франција), Брајтхорн 4164м (Швајцарија) , Вихрен и Тодорка (Бугарија) и најголемите и најатрактивни врвови на македонските планини, доста од нив и тоа на самиот почеток се зимски тури, Голем Кораб, Титов Врв, Бориславец, Кобилица, Голема и Мала Врача, Кабаш, Рибничка Скала, Бакардан,Мал Турчин, Крчин, Галичица-Магаро, Остри врв, Љуботен, Убава, Миленков Каме итн.

Како што и самиот вели “Се гордеам со овој човек”!

Столе (машината) го ставивме во дигитален видео запис на една од неговите први тури 🙂

14568230_stojcev-stoilko 14642463_stojcev-stoilko 14650742_stojcev-stoilko 14656237_stojcev-stoilko 14716099_stojcev-stoilko 14716348_stojcev-stoilko 14721572_stojcev-stoilko 14725567_stojcev-stoilko 14729164_stojcev-stoilko

 

 

За skimacedonia

Еден коментар

  1. Radmila Chuchak

    Toni ti imash edno golemo srce.Me raznezi i ovaa objava mi ja miluva dusata.Mnogu ti blagodaram!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки