Денес започнува сезона 2016/17 Audi FIS Ski World Cup

14650688_skiweltcup-solden-fis
Рано утринава Sölden

Викендов 22-23 октомври , доаѓа снегот и на малите екрани, започува новата сезона 2016/17 од Светскиот куп во алпско скијање – Audi FIS Ski World Cup.

На едно место ќе се соберат најбрзите најупорните и најтренирани скијачи од цел свет во борба за новите кристални глобуси и златни медаљи.

По 19-ти пат од 1993 година, Soelden ќе биде домаќин на отворањето на сезоната на глечерот  Rettenbach, а финалните трки ќе бидат вo американскиот Aspen кон крајот на март 2017. Во текот на февруари скијачите ќе се натпреваруваат и на светското првенство во St.Moriz.

Во рамките на Светскиот куп се воведени две нови патеки, Killington и Squaw Valley, двете во САД, а како градски ски настан за оваа сезона е предвиден Stokholm

Стартот на првите трки денес во Soelden е закажан од 10 часот, а можете да ги следите (фала богу) на Eurosport каналите.

https://www.facebook.com/soelden.oetztal/videos/10154626454868518/

 

85187_G08_W01 fis

Новата сезона 2016-2017 ја одбележуваат голем јубилеј, 50-годишнината од Светскиот куп во алпско скијање на ФИС. По тој повод со цел да се прослави историјата од Светското првенство, ФИС секоја недела ќе објавуваа статии во текот на сезоната, навраќајќи се на најголемите приказни, моменти и  фактите за годините наназад во белиот циркус.

Познатото  тиролско одморалиште се наоѓа на крајот на популарната долина Oetztal, каде се етаблира како еден од најпознатите настани на турнејата – и тоа не само поради високиот квалитет на најчесто спектакуларните натпревари кои се совршено организиран над 3.000 метри.

Уште од среда до петок навечер, официјалните лица и тркачи се многу зафатен од рано наутро до доцна во вечерните часови со состаноци или прес-конференција со сите  спонзори, ски компании или спортски организации кои се поканети или се дел од ски настанот во Soelden.

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки