Убави вести од Папуа – Илина го искачи Punjak Jaya

Puncak.Jaya

Новогодишен потфат на Илина Арсова кој ја донесе поблизу до реализација на проектот “7 Врвови” односно искачување на највисоките врвови на сите 7 континенти. Таа деновиве го искачи највисокиот врв во Австралија и Океанија, врвот Punjak Jaya познат и како Carstensz Pyramid во Папуа, Индонезија, висок 4884 метри. Иако можеби е еден од најниските од овој проект, Punjak Jaya преставува захтевен и тешко пристапен терен, врв кој е технички комплексен за искачување, составен од гола карпа која бара многу сила, енергија и искуство за ваков тип искачувања.

Од портфолиото на врвови меѓу Еверст, Аконкагва, Мек Кинли, Монт Блан, Елбрус, Килиманџаро, останува уште врвот на најстудениот континент, ледениот Антартик. Таму се наоѓа Монт Винсон висок 4892 метри врв кој покрај студенилото и силните ветрови е дестинација која како и останатите врвови е предизвик само по себе, само да пристигнете дотаму е долга исцрпувачка авантура.

ilina arsova Punjak Jaya Carstensz Pyramid 2019

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки