Започнаа снимањата за документарниот серијал This is HERstory

IMG_20180716_112753_100 uta ibrahimi her story ilina arsova

Екипата на #HERstory почна со снимање на документарниот серијал кој ја раскажува приказната на женските атлети во планинарските спортови. Премиерниот видео портрет беше на балканската високогорска првенка Ута Ибрахими која во последните две години искачи три хималајски врвови над 8000м и тоа: Еверест, Манаслу и Лоце, а до крајот на годинава се очекуваат Чо Ју и Шишапангма. This is HERstory e авторски проект на Илина Арсова и иницијативата Арт и Авантура, а филмската екипата на терен во меѓународен состав ја сочинуваа: Режија: Игор Христов Камера: Рашко Раков и Горан Кузмановски, Креативен продуцент: Илина Арсова.

Голема благодарност до НП Маврово и полициска станица Стрезимир за поддршка и помош при снимањето.

Главна цел на овој проект е промоција на родовата еднаквост преку спортот, посебно во земјите во развој. Целиме да креираме повеќе модели, примери мотивирајќи ги следните генераци на млади и девојки кон спортовите, преку инспиративни приказни кои раскажуваат за страст, посветеност, страв, љубов и среќа. Нашата мисија е да креираме светски распространета мрежа на инспиративни жени од планинарската заедница, кои сакаат да ги споделат нивните приказни преку документарен видео циклус “ОВА Е НЕЈЗИНАТА ПРИКАЗНА” (“This is HER story”).

IMG_20180716_082825_521 uta ibrahimi her story ilina arsova

_MG_3602 uta ibrahimi her story ilina arsova goran kuzmanovski igor hristov

_MG_3820 uta ibrahimi her story ilina arsova goran kuzmanovski

 

ОВА Е НЕЈЗИНАТА ПРИКАЗНА- This is HER story

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки