Mikaela Shiffrin направи повеќе добри работи на патеката во Semmering, Австрија последниот викенд од 2018та година. Таа во трилер трки за фановите на алпско скијање стана најтрофејниот скијач во историјата на Светски Куп во женските слалом натрпевари и постави нов светски рекорд на победи во една календарска година. Успеал да освои 15 победи во Светскиот Куп во една календарска година за 2018та и тоа една повеќе од австрискиот шампион Marcel Hirscher.
“Најголемиот мој идол е Боде Милер, после Mariles Schild која имаше 35 слаломски победи пред да се повлече во 2014г.” Вели, Mikaela Shiffrin
Shiffrin е рамо до рамо со најтрофејниот скијач на сите времиња на Светскиот Куп.
И што би било јагодка на шлагот за Shiffrin, со слаломска победа беше нејзино 51во искачување на подиумот во кариерата со што го надмина Италијанскиот ас Alberto Tomba на all-time win листата од Светскиот Куп каде сега ја држи седмата позиција.
Дуелот помеѓу Shiffrin и Petra Vlhova од Словачка го одбележа натпреварот во слалом на патеката во Semmering како прво и второ пласирани.
Следени од 10,200 фанови во публиката на Zauberberg Semmering, Shiffrin набилда предност пред Petra Vlhova од Словачка за само 0.29 секунди и Wendy Holdener од Швајцарија за 0.38 за севкупно 51 ва победа во кариерата.
Shiffrin поведе рано во слаломот со предност од 0.48 секунди пред Vlhova после првото возење.
Оваа предност беше комотна првиот ден за разлика од само 0.02 секунди предност во првиот круг од веле слаломот за Shiffrin.
Ривалката Vlhova седеше на фотелјата за лидерот со 0.09 секунди предност која се покажа недоволна во слаломот бидејќи Shiffrin и одговори со второ возење за 0.29 секунди подобро.
“Моето второ возење беше вистинска битка. Се трудев да не ја ризикувам трката со брзина на секоја кривина,” Shiffrin објасни дека се спасувала на неколкуте грешки.
”Но беше добра борба.” На Shiffrin и Vlhova на подиумот им се приклучи Швајцарката Wendy Holdener.
“Второто возење беше вистинска борба . Сакав да притиснам до даска,” вели Словакињата . “Имавме многу фанови од Словачка и беше одличен викенд за мене.”
Завршувајќи на второ место на подиумот во слалом по пети пат сезонава зад Shiffrin не и го расипа расположението на Vlhova.
“Секогаш сум среќна кога сум на подиумот” вели таа. “Секогаш е истата приказна, но таа ме притиска до крајност на моите лимити. Секогаш е добра борба со Мики. Добро е.”
Во меѓувреме во Bormio, турата од Светскиот Куп за мажи продолжи со Super-G. Победникот во спуст во петокот и родум од Bormio, италијанецот Dominik Paris ја пронајде потребната брзина за да дојде до втора победа викендов. Итајќи низ долниот дел на патеката, Paris надомести време и ја прејде целта за победа пред Австриецот Mathias Mayer за само 0.01 секунда.
skimacedonia

