Tag Archives: Шар Планина

Титов врв 2747 мнв, 15 март 2015

Titov Vrv Shar mountain

Титов врв 2747 мнв, 15 март 2015 Многу снег на Шара, но убав ден. Во најава совршено време. Одлуката за утрешната тура падна за Големиот Турчин, највисокиот на Шара. очигледно тоа беше одлука уште на неколку планинари кои се упатиле натаму, пешачејќи ја оваа навистина тешка зимска тура. Ќе речеш ништо спектакуларно, повторно кон Титов врв, по којзнае кој пат …

повеќе »

Ослободување на снегулката (ова е стварно герила!) +18

shar mountain Snowflake Guerrilla snowboard freeride

Сосема малку од она што го доживуваме на планина кога скијаме, без разлика дали е близу ски центарот или некаде далеку, турно, или фрирајд.  Со огромна почит во пристапот кон планината, со девизата дека “Треба да се заслужат вртењата надолу” со по некој искачен врв, се трудиме да отидеме на нови места, се трудиме да скијаме безбедно, најмногу се забавуваме. …

повеќе »

И оваа година нема да има Шара-куп

nastani1

Традиционалниот Шарпланински куп во алпско скијање кој се одржува на падините на Попова Шапка, нема да се одржи, а причините се од техничка природа. Првиот Шарпланински куп е одржан далечната 1947 година и претставува најстаро натпреварување во скијање на Балканот.

повеќе »

Голем Турчин и Кучибаба 22-23 ноември 2014 – продолжение

sar planina kucibaba (17)

Голем Турчин и Кучибаба 22-23 ноември 2014 Не останаа  уште многу часови за спиење, максимум пет и огромна количина умор од претходниот ден. Турата на Голем Турчин беше долга и исцрпувачка поради снегот. Часовникот ѕвонеше, а времето за повторна средба со екипата беше близу. Но и тие 5 часа беа многу во споредба со оние 2-3 кој обично ги спијам …

повеќе »

Голем Турчин и Кучибаба 22-23 ноември 2014

sar planina titov vrv (16)

Голем Турчин и Кучибаба 22-23 ноември 2014 Уште една зимска тура. Доста интензивна. Мала група спремни планинари се упатуваме кон Голем Турчин. Без некој посебен план. Освен да го искачиме. По снег. Наредниот дел уште еден врв беше во предвид. Кој? Останува да видиме…  Времето кристал. Иако во Скопје и Тетово магливо, кога тргаме нагоре од Шапка кон Церипашина, се …

повеќе »

Иницијатива за реконструкција на планинарската кула на Титов Врв

titov vrv-planinarski-dom

На иницијатива на планинарското друштво Аргентус Маунт од Тетово, а во целост подржана од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија изминатиов месец е започнато постепено реновирање на планинарскиот заклон т.е објектот лоциран на Шар Планина на самиот Титов Врв на 2747м. Постепената реконструкција се врши преку донации, па така пвц прозорите се донација на фирмата ИРФА РОЛДЕР од село Порој. …

повеќе »

Македонија на листата на топ 10 најдобри freeride дестинации со ратрак

baldface-lodge-best-catboarding-destinations

Македонија, рамо до рамо со ски центри од Британска Колумбија, Алјаска, Чиле, Шведска. Британскиот сноуборд магазин Whitelines ја стави Македонија на мапата на 10 најдобри дестинации за freeride тури со ратрак. Во случајов станува збор за ски центарот Попова Шапка, Шар Планина каде што преку Ескимо Фрирајд се организира скијање и сноуборд по недопрените диви предели на Шара од страната на …

повеќе »
Оди на лентата со алатки