Tag Archives: попова шапка

Шар Планина центар на светот

Јелак, Шар Планина

Текстов не го пишуваме заради ова фино видео, вакви или слични изработени од странски посетители се појавија многу наназад низ годините. Но што е поважно овде. Македонија поточно Шара повеќе од 12 години е на мапата на странските туристи во голема мера благодарение на Eskimo Freeride операторoт на скијање со ратрак. Сервис кој прв пат беше понуден во Европа, токму …

повеќе »

Од денес 28.03.2018 до крајот на сезоната дневната ски карта на Шапка поевтина

PistenBully 600 Winter Wonderland Samnaun Ischgl Radlader CAT

Од денес, 28.03.2018 г (среда) до крајот на скијачката сезона низ ски центарот Попова Шапка ќе можете да скијате поевтино, дневниот ски билет изнесува 600 денари, полудневна 500 денари, ноќното скијање 500 денари. Работат сите лифтови, за викенди и во текот на работните денови , освен двоседот  Св.Илија кој е во дефект. Викендот ќе биде во знакот на 1 Април, па …

повеќе »

Во друштво на Ски Бус Србија одржана работилница за промоција и поддршка на ски центарот Попова Шапка

Promocija_i_poddrska_popova sapka ski bur skijanje.rs

Имено, во периодот од 02 до 04 март 2018 година во Ски – Центарот „Попова Шапка“, „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија  и „СКИ БУС“ од  Белград, Република Србија организираа работилница и посета на ски терените на Попова Шапка . Учесници на работниот дел и посетата на Ски Центарот Попова Шапка беа  …

повеќе »

Фрирајд патрола со Scardus cat-ski операторот

IMG_20180216_182732_popova sapka shar planina gorna leshnica

Од оваа сезона на Попова Шапка ќе функционира уште еден cat-ski оператор. Понудата и изборот ќе се зголеми во корист на скијачите и бордерите, кои бараат авантуристички понуди и дестинации. Новата авантуристичка понуда е под капата на Scardus Hotel & Spa, во блиска координација со засебна специјализирана единица, Shar Outdoors. Шар Планина е сериозна конкурентна дестинација за авантуристичкиот туризам посебно …

повеќе »

Поставена промотивно-забавна табла на Попова Шапка

26991829_promotivno zabavna tabala popova sapka kodra e delit

Од вчера на Попова Шапка една занимација плус за оние кои сакаат да се сликаат. Промотивно-забавна табла “смеј се, љуби и скијај”. Таблата е поставена во непосредна близина на хотелот Скардус, а иницијатор за нејзино поставување е неформалната иницијатива Да ја спасиме Попова Шапка. Добро дело, супер иницијатива!

повеќе »

Нова лавина на Попова Шапка – движете внимателно!

lavina popova shapka dejan todevski makedon

Дејан Тодевски член на ПК Македон, вчера, 25.12.17, при тренинг на Попова Шапка имаше близок контакт со силите на природата. Дејан на својот Instagram профил напиша “Планината не секогаш има убави моменти, доказ е денешната лавина која добро што заврши со добар крај. Траеше окулу 5 до 6 секунди чуството реално језиво, само здогледав како се откорна плоча над мене …

повеќе »

Турно во зори кон Церипашина

popova sapka ceripasina ski touring

Ако сакате да фатите несекојдневна глетка, една од добрите снежни опции и ледени пејсажи е Попова Шапка. Тоа ќе ве чини околу 2-2:30 часа пешачење или туринг од ски центарот кон Церипашина, од каде се отвара хоризонтот на исток и можете да го поздравите сонцето при неговото изгревање. Денес таа привилегија да се наполнат со убавина си ја одработија неколкумина …

повеќе »

Ратраците се размрдаа на Попова Шапка

DSC_0404

Денеска ратраците пеглаа на Церипашина, низ центарот има нови 20на см снег, а кон горната станица повеќе од 70 см. Центарот се уште официјално нема објавено датум за старт на лифтовите. 📷ски центар Попова Шапка 19.12.2017

повеќе »

Голема лавина под Церипашина во зоната на амфитеатарот на средна станица

lavina popova sapka huge avalanche! video, Popova Sapka Macedonia

Викендов Владимир Јовановски едвај спаси жива глава од лавинска ситуација во големиот амфитеатар близу средната станица на двоседот кој води кон Церипашина. При скијање во амфитеатарот, Владимир иницирал мала лавина која набрзо анимираше втора многу поголема лавина со нестабилен слој на снег кој се наоѓа под првата лавина. Во контакт со него, не беше во можност да ни даде дополнителни изјави од …

повеќе »

Скијањето на Шапка се интензивира, снегот го има се повеќе

received_1621763291217955 Popova Sapka Shar planina freeride skijanje

Иако ги има малку на број, фрирајд скијачите и бордерите се веќе активни низ Шар Планина. Барем оние кои практикуваат турно скијање уште од месец октомври се насладуваат со снежните убавини на планината, но како се приближуваат зимските месеци, така и снежната граница се спушта подолу до ски центарот, па турното искачување станува попристапно и полесно. На Попова Шапка викендов …

повеќе »
Оди на лентата со алатки