Шар Планина центар на светот

adrian&mathias_untouchedlines popova sapka shar mountain eskimo freeride

Текстов не го пишуваме заради ова фино видео, вакви или слични изработени од странски посетители се појавија многу наназад низ годините. Но што е поважно овде. Македонија поточно Шара повеќе од 12 години е на мапата на странските туристи во голема мера благодарение на Eskimo Freeride операторoт на скијање со ратрак. Сервис кој прв пат беше понуден во Европа, токму тука на падините на Шар Планина. Дојдоа познати и непознати од светот на профи скијањето/бордот, продуцентски куќи и репрезентативни спортски брендови , па преку тоа оваа планина се афирмираше низ многу странски земји и што е најважно пред пребирлива публика од западноевропските земји, Америка па и земји како Јапонија и Австралија кои сакаат да бидат дел од оваа дивина. Иако тоа се туристи кои генерално доаѓале и ги уживале благодетите на планината и алтернативниот туризам како во еден вид вакум простор,  слетува на аеродром, спие во хотел, скија со ратрак, не видел нит чул нешто повеќе.

Но во последно време, афирмацијата придонесе самоиницијативно да доаѓаат туристи од овие земји, и да ја користат постоечката инфраструктура на ски центарот, поточно воопшто не доаѓаат за фрирајд скијање со ратрак туку скијаат низ центарот, што не беше случај претходно. Ова се туристи малкумина на број, но се важни информативни ластовички, гласници на искуството, што видела, како си поминале за понатамошните потенцијални туристи. За жал Попова Шапка освен со нејзините природни убавини, не може да се пофали со добра инфраструктура. Застарените лифтови закачени на прекрасните терени комбинирани со купиштата ѓубре на сите страни и не се некоја репрезентативна слика кој ќе намами и ќе генерира туристи, сами да доаѓаат во далеку поголем број, посебно од овие атрактивни развиени земји. Но доколку државата се разбуди еднаш засекогаш и пресече што ќе прави со ски центрите низ Македонија, и конечно посмело да влезе во сериозен инвестициски циклус во кој ќе бидат вклучени и консултирани сите засегнати, тогаш навистина можеме да станеме дестинација во која инвестираниот ски лифт од 5-10 милиони евра, без проблем сам од себе ќе се исплати и нема да преставува само блед популизам и нов циркус проект.

напомена: фото материјалот е ексклузивен и е забрането негово превземање

mountains of mazedonia popova sapka shar mountain eskimo freerideAdrian_BS7 popova sapka shar mountain eskimo freeride happyboys popova sapka shar mountain eskimo freeride Mathias_cliffjump popova sapka shar mountain eskimo freeride

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки