Кораб, Априлска ски патрола на планинскиот титан, 14.04.2018 год.
Речиси насекаде низ Mакедонија пролетта е навлезена и силно присутна, додека на Коработ туку што се буди.
Огромни количества снег, напласнати од зимава која годинава ги даде.Овој априлски ден навистина почасти и е знак за убава пролет на Кораб.Се уште лините на искачување се добро прекриени со снег така што се минуваат со крзна. Во повисоките појаси, стандард, треба да се внимава на лавини, лавинската опасност при мојата посета беше меѓу 2 и 4 степен, што од истите причини и ја одбрав за искачување зимската патека, односно сртот Кепи Бард.
Денот беше прилично топол, сонце, јужен ветар +-40км/ч, така што беше клучно да се побрза да се фати што подобра состојба на снегот, во долината под седлото на Кепи Бард и Црна Ќука.
Условите за скијање надолу, не беа извонредни, шеќерен, бавен тежок снег, но секогаш треба да го дадеме најдоброто, така што ски линија си е ски линија, а насмевка од скијање е незаменливо искуство.
Се на се одлични услови за пролетно скијање на Кораб.
Поздрав од планината

skimacedonia





