Секоја година планинарското друштво Кораб во чест на денот на независноста на Македонија “ 8 Септември” , организира традиционално меѓународно искачување до највисокиот врв во Македонија, Голем Кораб (2764 мнв). Патеката до врвот Голем Кораб е една од најмаркантните тури за искачување кај нас, која изобилува со шаренило од пејсажи, брзи потоци, шуми и див свет. Вкупната должина на патеката доколку се оди преку караулата Стрезимир (Стрезимирски пат) е 19на км, во двата правца. Патеката е добро маркирана, па во летниот период секој кој е подобро физички спремен, може да ја посети планината. Просечното време за искачување е 4.5 часа, а за оние кои до сега не биле, препорачливо е тоа да го направат со планинарски клуб или со лице кое добро ја познава планината.