
Од оваа сезона на Попова Шапка ќе функционира уште еден cat-ski оператор. Понудата и изборот ќе се зголеми во корист на скијачите и бордерите, кои бараат авантуристички понуди и дестинации.
Новата авантуристичка понуда е под капата на Scardus Hotel & Spa, во блиска координација со засебна специјализирана единица, Shar Outdoors.
Шар Планина е сериозна конкурентна дестинација за авантуристичкиот туризам посебно во зоната на фрирајдот и cat-skiing операциите. Секоја година бројот на странски туристи е се поголем, а ги има од Чешка, Полска, Шведска, Норвешка, Данска, Германија, Австрија, Франција, Англија итн.

skimacedonia