Заради новите снежни врнежи изминативе денови, зголемен е ризикот од лавини низ повеќето ски региони. Потребно е внимателно скијање пред се низ ски центарот Попова Шапка, во зоната на Церипашина и Син Врв.
повеќе »Tag Archives: информации за снег
Овој викенд ќе работат и лифтовите на Маврово
Викендот што доаѓа ќе работи и ски центарот во Маврово. Ски карта, 800 денари за возрасни, 500 денари за деца.
повеќе »Скијање од утре и на Копанки
Снегот го наполни и Пелистер, на Копанки има над 30 см снег, терените се подготвени и од утре сите заинтересирани ќе можат да уживаат на патеките. Деновиве ќе работат жичницата и ски лифтот. Снег има и на Пониква и Крушево. Копанки, фото 14.03.2016 Пониква, фото 14.03.2016 Крушево, фото 14.03.2016
повеќе »Попова Шапка со снег но без атмосфера за скијање
И покрај обилните снежни врнежи на Попова Шапка, поволни услови за скијање нема, временските прилики не го дозволуваат тоа, прегледноста е на ниско ниво, снегот е со пролетен квалитет и е прилично влажен во зоната на ски центарот, со температури над нулата. Во моментот има над 30 см нов снег. Ваквото време ќе продолжи и во текот на следната недела. …
повеќе »Деновиве мало заладување и повеќе снег во ски регионите
Со температури во минус ќе влезат планините во работната недела. Со прекини, неделата ќе биде генерално врнежлива, со мало заладување и повеќе снег во ски регионите, најизразено во зоната на Шара и Кораб, односно повеќе во зоните над 1800 метри. Овој снег не се очекува да создаде сериозни услови за скијање низ ски центрите, но затоа ќе ги освежи фрирајд зоните во западните …
повеќе »Топлите јужни струења го стопираа скијањето низ ски центрите
Не својствено за месец февруари, но топлото време влијаеше на брзото топење на снегот, па скијањето е речиси стопирано. Како што не информираа од Маврово дождот и топлиот југ целосно го растопија снегот на лифтовите кај жолтиот и конекторот со Галички лифт. Се прават напори само да се зачува снегот на Галички заради хуманитарниот велеслалом кој треба да се реализира …
повеќе »Како изгледаат Маврово и Попова Шапка по снегот
10-15 см нов снег во ски регионите Маврово и Попова Шапка. Ќе работат истите лифтови како и претходните денови( следете промени). Врнежи од снег со различен интензитет денес и во текот на утрешниот ден.
повеќе »Ни претстојат денови со врнежи од снег
Од денес и во наредните 6-7 дена ски регионите ќе бидат опфатени со врнежни од различен интензитет. Заради генерално топлото време на пониските места до 1200м ќе бидат комбинирани од дожд и снег. Сите ски зони над 1800 метри ќе добијат поквалитетен снег и ќе го спасат делумно скијањето во некои од ски центрите. Важно: топлото време носи генерално неповолни …
повеќе »Oд утре скијање на Попова Шапка, стартот бесплатен
Од утре стартува со работа и ски центарот на Попова Шапка. За сите посетители, скијањето на првиот ден е бесплатно. Стартот e во 9 часот , а во функција ќе бидат сите лифтови и двете жичници Церипашина и Св.Илија. Од 15 јануари 2016 година со истите цени за ски билети. Дневниот билет, кој важи од 9 до 16 часот, ќе се продава по …
повеќе »Од утре конечно може да се скија на Бистра
Во текот на ноќта и утрово, во Маврово падна долго очекуваниот снег! Долу, во подножјето има 15, а горе на терените, околу бачилото Трифкова Колиба, 25 см. снег. Машините веќе ги подготвуваат патеките на трите ски лифотви, жолтиот, детскиот и сврзниот на горната станица од двоседешницата, и истите, утре ќе почнат со работа! Се гледаме во Маврово! фото 13.01.2016
повеќе »

 skimacedonia
skimacedonia 
				 
			 
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			