Од утре стартува со работа и ски центарот на Попова Шапка.
За сите посетители, скијањето на првиот ден е бесплатно. Стартот e во 9 часот , а во функција ќе бидат сите лифтови и двете жичници Церипашина и Св.Илија.
Од 15 јануари 2016 година со истите цени за ски билети. Дневниот билет, кој важи од 9 до 16 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 16 часот, е 600 денари, а билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари. За младите скијачи до 12 годишна возраст билетот ќе чинат 400 денари, а цената на сезонскиот билет останува 10.000 денари.
skimacedonia

