И покрај обилните снежни врнежи на Попова Шапка, поволни услови за скијање нема, временските прилики не го дозволуваат тоа, прегледноста е на ниско ниво, снегот е со пролетен квалитет и е прилично влажен во зоната на ски центарот, со температури над нулата. Во моментот има над 30 см нов снег.
Ваквото време ќе продолжи и во текот на следната недела. Утринава дел од лифтовите на Попова Шапка работеа делумно заради малкуте скијачите кои престојуваат низ центарот.
Од утре 14 март, понеделник, ски лифтовите ќе бидат во функција.
фото 13.03.2016
skimacedonia



