Топлите јужни струења го стопираа скијањето низ ски центрите

Не својствено за месец февруари, но топлото време влијаеше на брзото топење на снегот, па скијањето е речиси стопирано.

Како што не информираа од Маврово дождот и топлиот југ целосно го растопија снегот на лифтовите кај жолтиот и конекторот со Галички лифт. Се прават напори само да се зачува снегот на Галички заради хуманитарниот велеслалом кој треба да се реализира на 20-21 февруари, односно викендот што доаѓа.

Прогнозите не ветуваат никакви поволности ни за скијање на Попова Шапка каде исто скијањето е ограничено заради недостаток на снег.

Дневните температури низ ски центрите се движат од 8°С до 14°С

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки