И оваа есен сме во нетрпеливо исчекување на датумите за најголемиот качувачки празник – REEL ROCK филмската турнеја, која стигна до своето единаесетто издание. Голем дел од датумите се одредени, картите веќе распродадени, се појави трејлерот, а конечно се објавени и петте филма кој ќе ви ја дадат овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам. Во продолжение на следните недели, до објавување на датумот на овогодинешното локално издание на REEL ROCK 11, со краток опис и галерија со фотографии ќе ги прeтставиме сите филмови од најновата колекција кои ќе ги прикажат најинтересните приказни и најголемите атлети во рамките на спортот, а во меѓувреме секако ќе ја објавиме и локалната програма која и оваа година ќе се осврне на нашите највозбудливи качувачки подвизи. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација, а четвртиот кој ќе го уживате во единаесеттата турнеја е филмот:
ОДЛИЧЕН ТАТКО
12 мин.
Главни ликови: Мајк Либецки
Споредни ликови/гласови: Енџи Пајн, Џонатан Тесенга, Кори Ричард, Даглас Мекдоналд
Осамениот волк Мајк Либецки има реализирано повеќе од 50 експедиции со својот појас, патувајќи најчесто сам, до најоддалечените делови на светот да пронајде неискачени ѕидови и да воспостави први искачувања. Кога Мајк стана татко, доби нов предизвик: да го усогласи својот авантуристички живот со барањата на родителството. Во тој процес, тој може да добие и нов партнер за своите експедиции.
Претходните филмови од овогодинешниот REEL ROCK кои ги претставивме беа Нови дечки, Момци во вреќи и Брет.
skimacedonia
