Француски Тињес отвори ски сезона

Францускиот ски центар Тињес викендот на 1 октомври, отвори сезона на глечерот Гранде Мота и им се придружи на неколкуте австриски, швајцарски и италијански ски центри. Еве кои ски центри се отворени и функционираат до моментов. Цените се движат од 40-50 евра за дневна ски карта.

Австрија

– Hintertux (45cm) нуди 9 патеки и работат половина од ски лифтовите

– Mölltal (100cm) работат 2/17 стази и 3/9 лифтови

– Pitztal (38cm) лимитирано скијање 3/12 лифтови во функција

– Solden (46cm) лимитирано скијање 5/33 лифтови во функција

Италија

– Passo Stelvio (120cm) функционира 100% 6/6 отворени лифтови

– Val Senales (30cm) делумно отворен, ограничено скијање

Швајцарија

– Saas Fee (125cm) во моментов има најголема површина за скијање 20 од 100 км се во функција

– Zermatt (160cm) има најдобри услови, а имаше и powder објава заради свежо паднатиот снег. Функционираат 15/54 лифтови.

Во зоните на Северна Америка и Канада во моментов нема активни ски центри.

 

 

465163-tignes-ski-opening-day-oct-1-2016
Tignes, France
465165-tignes-ski-opening-day-oct-1-2016
Tignes, France
465177-tignes-ski-opening-day-oct-1-2016
Tignes, France
14449837_tignes-ski-center
Tignes, France map
410997-saas-fee
Saas Fee, Switzerland


 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки