По претставувањето на најновата колекција филмови кои ќе ви ги доближат најинтересните приказни и најголемите атлети во качувањето во светот и претставувањето на искачувањето на највисокиот врв на Северна Америка, Денали, време е зa уште едно големо достигнување од локалната алпинистичка/високогорска сцена кое ќе биде претставено како дел од програма на овогодишната REЕL ROCK турнеjа. Маја Бошкоска, Александра Герасимова и Ана Грбиќ на 10 октомври во 11 часот го освоија Мера Пик во Непал, со своите 6476 метри надморска височина, станувајќи со тоа првата македонска женска хималајска експедиција, што само по себе е историски настан. Според зборовите на Маја, оваа магична, инспиративна и поттикнувачка акција, започнала на 3 oктомври и траела до 20 oктомври, а спуштањето е изведено од спротивната страна, како кружна тура, доаѓајќи во подножјето на Монт Еверест. Овие 17 денa, 24 часа на ден, поминати на Хималаите, ги реализираат како компактна група која функционира во совршена комуникација и без проблеми, што е еден од главните предуслови за вакви големи подвизи и експедиции, секако резултирајќи со успех. Овој настан е доказ дека оваа година на качувачки план жените растурија! Во рамки на REЕL ROCK ова големо достигнување ќе биде претставено преку ексклузивен видео материјал и изложба на фотографии.
skimacedonia



