Домника Пановска е freeride (слободен стил) скијач, урбан лик од Скопје, активно делува во зоната на скијањето и планинскиот велосипедизам, а изминатиот период заедно со Бојан Андонов и Иван Георгиев на покана на ФИС беше дел од фристајл собирот во холандскиот фрижидер во Ландграф.
Со нас го сподели искуството, а во прилог и видеото од поминатите часови тренинг во ледениот хангар во Ландграф.
“Голема привилегија и чест е да бидеш поканет од страна на Интернационалната федерација за скијање (ФИС) за октомвриско скијачко дивеење во фристајл дисциплината. Од Македонија бевме одбрани Јас-Домника Пановска од XMKD Snowboard клубот, Бојан Андонов и Иван Георгиев од Polar. Преблагодарна сум за ова преубаво искуство од кое запознав многу нови пријатели, а особено сум благодарна на тренерите кои постигнаа да ме извадат од комфорната зона за да научам и да се подобрам во таа дисциплина за која кај нас во Македонија за жал нема услови. Хотелот заедно со фрижидерот се вика Сноу ворлд (Snow world) се наоѓа во Ландграф, Холандија. Целта на овој камп беше да се запознаеме со нови луѓе со кои ја делиме истата пасија, да научиме нови работи околу и за скијањето, и да осетиме како изгледа животот на една атлета. Немам апсолутно никакви замерки и слободно можам да кажам дека се беше перфектно, испланирано, скоцкано и супер забавно. ФИС кампот успешно ме подготви и ‘загреа’ за новата престојна сезона која со нетрпение чекам(е) да започне” изјави Домника.
skimacedonia
