Нехар Травел организира ски тура во комшии, Копаоник Ski Opening 2017, период 08-11 декември 2016. Скијалишта Србија се спремаат за традиционалното отварање на почетокот на декември, информации во прилог околу можноста за ски тура за сефте на нова сезона.
Копаоник на ски патеките веќе има 15-20 см снежна подлога, која веќе почна да се надополнува со вештачки снег, температурите се во минус и временските услови се погодни за тоа. Скијалишта Србија го користат моментот да обезбедат квалитетни патеки за Копаоник – Ski Openinng 2017 настанот
Ски терените и “snowboard” паркот кои се опремени со највисоки стандарди, нудат задоволство на сите категории на скијачи и бордери, од почетници до професионалци, љубители на ноќното скијање како и на нордиските дисциплини. Сите стази се одлично меѓусебно поврзани со систем на жичари и ски лифтови со капацитет од преку 34.000 скијачи на час.
webcam live
Системот го со сочинуваат:
3 шестоседни жичари, 4 склопиви четвороседни жичари, 4 фиксни четвороседни жичари со покретна трака за влез на скијачи, 2 двоседни жичари, 2 ски лифта со сидро, 8 ски лифтови со тањир, 3 ски лифта за поврзување. Има одлично уреден snow парк на кој се организираат многу натпревари со меѓународен карактер.
• Највисок врв – Панчичев врв 2017 м.н.в.
• Вкупна должина на алпски и нордиски стази: 62 км.
• Snowbord парк со стаза од 450 м. Должина
• 21 плави стази, 9 црвени, 6 црни
• Вкупен број на жичари и ски лифтови: 24
• Детска ски градина
• Вкупен капацитет на скијачи: 32.000 скијачи на час
• Максимална висинска разлика: 512 м.
• Најдолга стаза: 3,5 км – Бела река
• Ноќна стаза за скијање Мало Језеро: 450 м. долга
• 3 стази по FIS стандард за слалом, велослалом, супер велослалом, спуст.
Ski