Во организација ПРОБАЈК Скопје по 5ти пат ќе се одржи Mountain festival “ Попова Шапка” 2015 – BIKE AND RUNNING, тридневна манифестација од 28.-30.08. 2015 год.на терените на Попова Шапка. Целта на манифестацијата е организирање на рекреативен настан од натпреварувачки меѓународен карактер – велосипедска трка со учество на лиценцирани и нелиценцирани велосипедисти од Македонија, Балканот и Европа. Велосипедските трки се состојат од XC трка- Cross country race (првиот ден) и XC маратон (вториот ден), како и трка за атлетичари – планинско трчање. Оваа манифестација е подржана и од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

Манифестација од ваков вид првпат беше одржана во јули 2010 год, на Попова Шапка. Уште од првата година нашиот фестивал е меѓународен каде беа присутни гости од Бугарија, Србија, Црна Гора и Косово. Во годината што следуваше беше присутен и гостин од Белгија, кој што победуваше два пати по ред на маратонот во Попова Шапка Одржувањето на оваа манифестација се повеќе зема замав така да интересот се зголемува од година во година и затоа воведуваме нова дисциплина планинско трчање која што е исто така со меѓународен карактер.
Оваа година се очекува учество на што повеќе домашни и странски велосипедисти, натпреварувачи и атлетичари, присуство на рекреативни велосипедисти како и посетители. Исто така оваа година за прв пат се воведува Крос кантри планинско трчање како нова дисциплина со помош на ЕВРОИНС школата за трчање и е планирано да стане дел од програмата на Mountain festival , во годините што доаѓаат.
Целиот тридневен настан има голем бенефит. Велосипедизмот во природа е од непроценливо значење за релаксирање и сожитие со природата, подигнување на свеста кај населението за ваков тип на спортски активности а се води грижа за превенција на сопственото ментално и физичко здравје и подигање на еколошката свест кај сите нас. Бидете и вие дел од овој настан и искоритете го продолжениот викенд за прошетка и рекреација во природа.
Мини агенда 28-30 Август
На 28.08 пристигнување и запознавање со патеката, поставување шатори , сместување во хотели, подигнување на стартен пакет итн. Вечерта е организирана журка.
На 29.08 стартува МТБ трка за Ранг листа на Македонија – лиценцирани и не лиценцирани (хоби), а вечер забавен дел.
На 30.08 ќе има 2 трки во планинско трчање и ќе се вози рекреативна тура со натпреварувачки карактер околу Попова Шапка – Меѓу станица Церипашина и возење до ЛЕШНИЦА ( до водопадите – на бањање) и назад до Попова Шапка.
Пријави и направи регистрација овде
Сите промени следете ги директно на настанот
Во живо од Попова Шапка
skimacedonia







