Планинарски марш по повод 1000 години од Битката кај Беласица

Предмет: Покана за учество на планинарски марш по повод одбележување 1000 години од Битката на Беласица

Почитувани,

Општина Струмица и ПАОК Ентузијаст Струмица Ве покануваат да учествувате на  планинарски марш с.Колешино–с.Водоча по повод одбележување на 1000 години од Битката на Беласица. Планинарскиот марш ќе се одржи на ден 13 – 14 септември 2014 год.(сабота – недела) по следнава маршута:

Сабота  13.09.2014 година(прв ден):

Поаѓање од Струмица(Стара автобуска станица-Пошта) во 08:00 часот до с.Колешино на ден 13.09.2014 год. со автобус

Планинарска маршута: с.Колешино – Колешински водопади – Попадиска чешма – Коњски кладенец (1557 м.н.в) – Планинарска куќа Дедо Кољо Муртински – Споменик обележје „5-те Струмички студенти“ – Викенд населба „Сред село“(950 м.н.в.). Пешачење 6-7 часа со краток одмор. Ручек е во 17:00 часот на Викенд населба населба „Сред село“ каде е и ноќевањето во сопствени шатори.

belasicka-bitka-skimacedonia-strumica

Недела 14.09.2014 година(втор ден):

Будење во 06:00. Доручок 6:30 часот. Поаѓање од Викенд населба населба „Сред село“  до с. Водоча во 08.00 часот.

Планинарска маршута: Викенд населба „Сред село“– Белешки ливади – с.Костурино – с.Раборци – с.Попчево(спојување со учесници од Маршута 2 во 13:30 часот) – Брана Водоча – с.Водоча. Пешачење 6-7 часа со краток одмор.

15:00  – 16:00 часот         Пристигнување на учесниците во с.Водоча

16:00  – 16:15 часот         Обраќање на Градоначалникот на општина Струмица, Г-дин Зоран Заев и                                                     доделување на Благодарници за учество

16:15  – 17:00 часот         Ручек

17:00 часот           Враќање с.Водоча – Струмица со автобус

Напомена: Од организорот е обезбеден автобуски превоз Струмица – с.Колешино,  превоз за шатори Струмица – Викенд населба населба „Сред село“и ручек(13.09.09.2014) и доручок, ручек,  превоз за шатори Викенд населба населба „Сред село“ – с.Водоча,  автобуски превоз с.Водоча – Струмица.

За спомен планинарските друштва ќе добијат Благодарница за учество.

Секој учесник е потребно да си донесе прибор за јадење и шатор. Учесникот доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствена психо физичка кондиција. Пријавување со име и презиме,матичен број,водич на група најкасно до 10.09.2014 година Пријавите да бидат испратени на адреса  Општина Струмица, Одделение за ЛЕР – Контакт лице: Софче Јанева 076 483 157 или ПАОК Ентузијаст Струмица п.фах 76 – Контак лица: Душко Ќосев  077 984 499; Васко Серафимовски 070 535 688; Кољо Ристов 070 200 848

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки