Планинарска тура Неолица 2014

Почитувани планинари,

Планинарскиот спортски клуб „Ѓорѓи Наумов“ – Битола на 14ти сеп­тември 2014 год. (недела) го организира традиционалното искачување „Неолица 2014“.

neolica-pelister

По тој повод Ве покануваме да нѝ се придружите на оваа наша за­­едничка пла­нинарска манифестација, која ќе се одржи според приложе­ната програма:

730 – Поаѓање од с. Лавци (802 м.нв.), пешачење по маркирана пате­ка до чеш­мата над патот Брусник – планинарски дом „Неолица“  каде се очекува пристигање околу 845 одмор 10-15 минути.

900 – Продолжување на движењето од чешмата до „Таблата“ каде се очекува пристигање околу 1015 – одмор 10-15 минути.

1030 – Продолжување на движењето од „Таблата“ до „Крстот“- врв Неолица 1864 м. нв. Очекувано пристигање околу 1200 – одмор 20 ми­нути.

1220– Упатување на планинарите према планинарскиот дом Не­о­ли­ца, очекувано пристигање околу 1320

1330 – 1500 – Одмор, дружење, заеднички планинарски ручек, обез­бе­ден од организаторот.

Учесниците лично се одговорни за сопствената психо физичка кондиција.

Напомена: Секој планинар да си носи прибор за исхрана.

Контакт тел:

075/513-917 Тома Лозановски                             Претседател

075/575-634 Влатко Гроздановски                  Тома Лозановски

075/546-374Никола Сотировски

Патеката за традиционалниот планинарски марш „Неолица 2014“

Должина на патеката – 16.870 метри    Висинска разлика – 1064 метри

 

ПСК “Ѓорѓи Наумов” Битола

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки