Ново планинско засолниште под Солунска Глава

03-pogled-solunska-glava

Полската амбасада ќе помогне во реализација на проектот , поставување на планинско засолниште „Ванда“ на Солунска Глава. Македонската алпинистичка федерација (МАФ) и Амбасадата на Р. Полска, потпишаа партнерски договор во проектот за поставување на планинско засолниште на планината Јакупица, под карпестиот амфитеатар на Солунска Глава.
Овој објект во голема мера ќе допринесе за безбедноста на странските и домашните вљубеници во природата и планинските спортови, кои во се поголем број ја посетуваат оваа планина – како за алпинистите, кои го истражуваат овој импозантен локалитет, но така и за планинарите, на кои со ова засолниште и маркираната и обезбедена патека ќе им се отвори можност, безбедно да уживаат во срцето на една моќна планинска средина.

Засолништето ќе биде именувано во сеќавање на големата полска алпинистка, Ванда Руткиевич, која пред точно 25 години, во 1992 година, загина во обид за искачување на Кангченџунга (8586м).

Договорот за соработка беше потпишан вчера, од страна на Амбасадорот на Р. Полска, Јацек Мултановски и Претседателот на МАФ, Игор Талевски, а проектот е реализиран во рамките на „POLISH AID“ – специјален фонд на Министерството за надворешни работи на Р. Полска.

21765452_makedonska alpinisticka federacija

 

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки