Mikaela Shiffrin се врати за 49та победа од Светски Куп во неверојатно блиска трка во Courchevel , Франција
23-годишната Shiffrin не запира со освојување на велеслаломот во снежниот Courchevel, Франција во петокот. Таа победи тука и минатата година во велеслалом и паралелен слалом, па веќе стана тешко да се води евиденција.
Shiffrin го надомести дефицитот од 0.08 секунди од првото возење за да избие на прво место за само 0.14 секунди пред Viktoria Rebensburg од Германија (Олимписка шампионка од 2010) .
Вообичаено, имам проблеми со вакви услови кога е променливо или со слаби неконстантни снежни врнежи и кога е лоша видливост,” вели инаку резервираната Американка од Колорадо.
Shiffrin е најмладата скијачка која стигна до 49 победи од Светски Куп и најмлад кандидат за 50 победи доколку победи некоја од техничките трки во пред Светскиот Шампионат во Февруари.
“Разговаравме синоќа и навистина не знаев колку победи имам,” вели Shiffrin, чија прва победа дојде на 20 Декември, 2012 година на 17 години. “Односно знам ама некако сакам да го игнорирам тој податок. … Тоа се само бројки. Се обидувам да не мислам на бројките. “Доколку ме прашавте пред 5 години, никогаш немаше да поверувам дека ќе бидам во оваа позиција.”
Shiffrin го прескокна спустот и super-G низ неделата, што и помогна да се одмори, а одлуката ја донесе пред последниот настап во паралелен слалом на 9ти Декември кога почуствува и болки во грбот.
Целта на Shiffrin исто така е да стане четврта жена која ќе освои трка во секоја дисциплина во една сезона, со што ќе ги достигне Janica Kostelic и Tina Maze.
Следен приоритет е беше слалом во Courchevel. Shiffrin е непобедлива оваа сезона во најзината омилена дисциплина.
А додека го пишувавме текстов за Мikaela Shiffrin таа веќе стигна и ја оствари 50-та победа во Светскиот Куп! Нападна повторно на патеката во Courchevel и ја освои 50ката во Саботниот слалом пред Petra Vlhova од Словачка и Frida Hansdotter од Шведска.
Со ова Shiffrin се израмни со рекородот на Marlies Schild од Австрија (нејзина идолка од детството) со 35 победи во слалом на Светски Куп.
Со ова достигнување, 23 годишната девојка стана и најмладата Алпска скијачка која стигнала до 50 победи при што го надмина Ingemar Stenmark (најбрз до овој резултат). Shiffrin ова го достигна со нејзини 142 старта.
World Cup 35 слаломски победи…on the all time record…е ова е навистина WOW! Респект од нас и навистина сме среќни што имаме можност да следиме ваков талент!
skimacedonia
