Zan Kranjec е првиот Словенец кој победи на трка од велеслалом во рамките на Светскиот куп

Kranjec стана првиот Словенец кој победил на трка од веле слалом на Светскиот Куп

7e23da44f5a87437daf Zan Kranjec

Словенците покажаа дека имаат одлична школа и јака натпреварувачка ДНА во нив.

Победата дојде неколку часа откако неговата сонародничка Ilka Stuhec освои женски super-G

Zan Kranjec е првиот Словенечки скијач кој триумфирал на трка од велеслалом на Светски куп, а тоа се случи во Saalbach, Австрија само неколку часа откако неговата сонародничка Ilka Stuhec го освои женскиот super-G во Val Gardena, Италија.

Kranjec беше на четврто место со половина секунда заостанување во првиот круг, но лидерот Matts Olsson од Шведска и Manuel Feller од Австрија не успеаа да финишираат во второто возење.

Loic Meillard од Швајцарија заврши втор за 0.19 секунди и Mathieu Faivre од Франција заврши трети за 0.50 секунди заостанување зад Zan Kranjec.

Седумкратниот светски шампион Marcel Hirscher заврши на шесто место со што ја прекина долгата и досадна низа од 18 едноподруго подиуми во трките од велеслалом за него.

Оваа трка беше замена за отворањето на сезоната во велеслалом , која беше одложена заради невремето во Soelden на стартот во Октомври.

Zan Kranjec

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки