SAALBACH-HINTERGLEMM, Австрија — Marcel Hirscher се врати на падините каде скијаше како дете и стана најуспешен Австриски скијач на сите времиња.
Овој седумкратен шампион и освојувач на Светскиот куп освои слаломска трка во родната провинција од Salzburg а тоа е 63та победа од кариерата надминувајќи ја Annemarie Moser-Proell, со 62 победи кога се пензионираше во 1980г.
“Како дете се натпреварував во регионални ски трки на овие падини. “Тие ми се добри спомени и сега кругот се затвора токму овде.” вели Hirscher.
“Ова звучи неверојатно но навистина е така,” Hirscher изјави за неговата 63та победа. “Ќе има и време кога ќе можам да поуживам во ова но во моментов е навистина убаво да се има уште една победа во една од најтешките слалом трки на кои сум скијал.”
Само Ingemar Stenmark (86) и Lindsey Vonn (82) имаат поголем број на победи од Светски Куп.
Moser-Proell беше целата со пофалби за новиот Австриски рекордер.
“Не сме виделе толку совршен скијач претходно,”изјави таа за Австриски медиум. “Кога го гледам Marcel изненадена сум дека и јас сум постигнала нешто слично во свое време. Но не може баш да се споредуваат двете ери. Денеска се е на многу професионално ниво.”
Пркосејќи им на тешките предуслови на патеката, Hirscher ја задржа големата предност од првото возење за 0.38 секунди пред Loic Meillard од Швајцарија кој беше само 12ти после првиот круг и го задржа второто место на поидумот.
Henrik Kristoffersen заостана за 0.47 секунди на трето место.
“Ќе бев среќен и со резултат во топ-10 и не ми се веруваше дека се најдов повторно на подиумот втор пат во два дена,” вели Meillard, исто така второ место и во веле слаломот минатата среда. “Да застанеш на подиумот со Marcel и Henrik е нешто посебно.”
Многу скијачи се намачија на патеката Schneekristall со парчиња тенок снег на ледената површина на долната страна од патеката. Вториот круг беше одложен за 15 минути за да имаат време организаторите малку да ја стврднат површината со сол.
Kristoffersen ја нарече “ најлошите услови на кои сум скијал во мојата кариера на Светскиот Куп.”
“Беше навистина екстремно, беше тешко , неверојатно,” изјави Норвежанецот кој имаше водство пред Meillard но потоа задоцни зад Швајцарецот за само 0.09 сакунди на крајот.“Во нормални услови тоа не би ми се случило,” Kristoffersen изјави.
skimacedonia

