Алпската репрезентација годинава е составена од двајца млади натпреварувачи, Виктор Петков и Мирко Лазаревски, чии тренер е Антонио Ристевски. Досега во периодот јуни-ноември реализираа обемна програма на глечер и овој пат на Хинтертукс во Австрија, каде реализираа 4 кампа од по 10-20 дена. Почнувајки од викендов 23 ноември 2019 година започнаа со натпреварувачката сезона и тоа во Хипаш, Австрија, каде претходно неколку дена тренираа. На првиот натпревар во слалом Виктор постигна релативно добар резултат, посебно добро беше неговото второ возење. На Мирко Лазаревски ова му е прв старт на еден ФИС натпревар и не успеа да го заврши второто возење. Во план се повеќе натпревари низ Италија, Австрија и Словенија. Целта на оваа турнеа е адаптација за натпреварувачкиот период, Виктор да го подобро својот рејтиннг на ФИС-овата ранг листа, а Мирко да ги направи своите први ФИС точки и да обезбеди норма за учество на Јуниорската зимска олимпијада, што во јануари 2020 година ќе се одржи во Лозана, Швајцарија.
Тимот ќе биде на пат до средината на декември до кога ќе имаат повеќе натпревари низ италијанските центри Мадона Ди Кампиљо, Санта Катерина, Монте Кроче, а до тогаш се во Хипаш, Австрија.

skimacedonia