Магичниот Heinzi e предноста на Vonn
Непосредно пред Lindsey Vonn да скокне на последната трка на Олимпијадата во спуст што веќе се одржа денес, среда, нервозен 55 годишен австриец ќе и го подаде оној пар скии за кои верува дека ќе бидат најбрзи.
Heinz Haemmerle или “Magic Heinzi” како што го нарекува Vonn својот помошник кој е техничката поддршка на Американката и сервисер, а во спорт кој може да пресудат стотинки неговата работа во подготовка на скиите може да ја направи разлика помеѓу победа и пораз.
Во деветте години во кои двоецот работи заедно најчесто до израз дојдоа победите за 33 годишната девојка од Minnesota која стана најуспешна жена скијач на сите времиња.
“Ова е нешто на што треба да сме горди,” вели Haemmerle за Reuters во неговата привремена работилница (транспортен контејнер) на подножјето на спуст патеката во Jeongseon.
“Ни успеваше многу често и се надевам дека ќе продолжиме така. Се трудиме многу, таа притиска, притискам и јас и би рекол дека совршено си одговараме. Таа ми верува, а и јас неа и така треба да биде. Таа треба да се концентрира на нејзината работа, јас на мојата и треба да ми верува.”
Haemmerle проаѓа по седум часа на ден во неговата работилница за време на Игрите во Pyeongchang, со внимание нанесувајќи два или три слоја на fluorocarbon восок на дрвената подлога на скиите и острејќи го металниот раб.
Покрај големиот број восоци, најголем дел од неговата работа е да собира информации од компаниите за восок и да анализира, да ги слушне тренерите како и да направи проверка на снегот и температурата на планината за да може да ги предвиди условите за трка.
Но најважно од се , да ја слушне Vonn. “Главен фактор е разговорот со Lindsey, која знае најточно како и требаат рабовите (кантовите) и ми кажува, дали поостри или поинаку” вели.
“Секогаш ги правам што е можно најостри, бидејќи потоа е полесно секако да ги затапам отпосле.”
Haemmerle донесе 30 пара скии во Pyeongchang, а за Vonn која користи подолги машки скии – ќе припреми два пара за денот на трката (race-day) пред да одлучи кои ќе ги земе на гондолата и ќе и ги предаде на американката на стартот.
“Секогаш сум нервозен бидејќи не знаеш 100 проценти дека ќе успее или ќе направи грешка. А доколку повеќе не се нервирам, тогаш ќе се откажам од оваа работа. Доколку го правам ова само колку да имам работа, тогаш не е веќе за мене. “Таа се концентрира на скијањето, а јас на скиите.”
Haemmerle кој се занимава со ова работа речиси цел свој живот , Lindsey Vonn не му е првиот шампион со кој работи.
Откако не успеал да стане ски натпреварувач, иако имал секогаш брзи скии, нашол работа како технички сервисер во производството на Head.
За тоа време поминато во Head, работел со најдобрите скијачи и шампиони во тоа време меѓу кои шампионот во спуст за мажи на Олимпијадата во 1980 – Leonhard Stock.
“Ако си на врвот, спортистите те бараат и ја сакаат твојата услуга.”
Haemmerle кој работел и со Bode Miller за три години кога Vonn се префрли од францускиот производител Rossingnol, ангажманот на “Magic Heinzi” за нејзин техничар е точка на договорот.
Во нивната прва сезона заедно, Vonn победи 11 пати на Светскиот Куп како и злато во спуст и бронза во super-G на игрите во Vancouver во 2010г.
Оттогаш не запираа победите, а Heinz кога ќе ја види на подиумот може малку да се релаксира. “Но тогаш почнувам да размислувам за наредниот тренинг и кои скии да ги користам во финалето итн... ” вели човекот во позадина кој очигледно и е голема поддршка и амајлија на Vonn.
Vonn на својот Twitter профил пред денешниот спуст изјави :
“Утре ќе притиска од сам почеток и ќе пробам да уживам. Знам дека многу очекуваат од мене, а јас уште повеќе од самата себе, но едно нешто ви гарантирам , ќе дадам се што имам на патеката утре, сметајте на тоа!”
Додека го пишувавме текстот се реализираше и спустот, денес Vonn заврши на третото место , Ragnhild Mowinckel втора, а подиумот и припадна на конкурентната Sofia Goggia.
Видео highlights – Спуст жени 21.02.2018
skimacedonia



