Каква храна е најдобро да понесете со себе на планина и скијање

Кога правите повеќе дневни тури и захтевни турно искачувања, добро е да имате високо енергетско мени за одржување на добра кондиција. Заборавете на газирани пијалоци полни со шеќер, огромни сендвичи со салами, мајонез, паштети или бурек кои не траат долго и за кои можноста да ви го расипат денот е голема.

Сите знаеме колку е важна храната, некои не можат да одолеат на гурманскиот комфор, па и во планина носат изобилие на храна која претставува дополнителен простор и тежина во ранецот. Во склоп на останатата опрема и простор во ранец, подобро е да имаме филтрирана, претходно сработена и практична храна.

IMG_20171205_shar mountain piribeg ski touring
skimacedona© – Шар Планина, Пирибег, турно искачување

Со цел да немате монотона еднообразна храна, а да ги имате на располагање сите вкусови, набавете си

– Суво овошје, табла црно чоколадо, мешани енергетски чоколади или гелови

– Микс од јаткасто храна како лешник, бадем, орев, кикирики, семки од сончоглед, тиква

 

oprema susheno ovoshje benifits dry-fruits

– Парче сирење или кашкавал стои повеќе од што мислиме и е добро да се комбинира со двопек, кекс или тортиља

– Мала конзерва со риба обезбедува здрави протеини

– Парче свежо овошје (лимон, портокал, банана)

– Претходно исчистени и спремени свежи парчиња на зеленчук (морков, краставица, кромид, лук, патлиџан, пиперка)

– Течност, вода, вода, вода, термос со топол чај при активности во студени региони. Секогаш внимавајте на добра хидратација.

Сета оваа храна обезбедува доволно енергија која е потребна за физички напор, а количината што треба да ја понесете зависи од вашите потреби и бројот на саати или денови во планина.

FOOD_barsNuts_750x400

20180211102948_IMG_popova sapka ceripasina shar mountain
skimacedonia© – Шар Планина, Попова Шапка, турно искачување

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки