Mavrovo Thrones

28056490_mavrovo thrones

Следи го настанот

Почитувани скијачи, бордери, фанатици,

Чест и задоволство ни е да го најавиме “MAVROVO THRONES”, настан кој за прв пат ќе се одржи на Ски Центар Заре Лазаревски воедно и прв од таков тип во Македонија. Суштински МТ е трка на скијачи и бордери со која сакаме да ги пронајдеме најбрзите маж и жена на планината и да ги прогласиме за Кралот и Кралицата на скијањето или бордањето на ски центарот во Маврово.

Сите пријавени стартуваат од највисоката точка на скијалиштето (врв на Белички ски лифт) а финишираат на крајот од ски патеката под едносед. Секој ја избира својата стаза по која ќе се движи без никакво правило. Сепак, за време на трката ќе има 3 точки каде натпреварувачите ќе мораат да поминат (check point) и тоа:

1 точка – Галичко Бачило

2 точка – Првиот повратен ски лифт од кај Трифкова колиба (тој што не е во функција)

3 точка – Трифкова колиба

На двете попатни бачила (Галичко и Трифкова колиба) секој учесник мора да застане каде ќе има додатни игри, кои мора да ги комплетира пред да продолжи понатаму.

ПРАВИЛА НА ТРКА

Секој учесник мора да биде полнолетен 18+;
Секој учесник мора да носи кацига и соодветна скијачка или бордерска опрема;
Масовен старт по категории (мажи, жени) без разлика дали сте скијач или бордер;
Строго е забрането користење на моторни и механички превозни средства (ски лифт, жичара, ратрак, моторна санка) за време на траката;
Секој учесник мора да се појави на трите контролни точки наведени погоре;
Максимално коректно однесување према противниците, несоодветно однесување ќе биде санкционирано со дисквалификација;
Доколку не се почитуваат правилата, следува дисквалификација;

ПРИЈАВУВАЊЕ
Чекор 1 – пуштете меил со ваше име и презиме на marketing@bistra.com;
Чекор 2 – ќе добиете повратен меил со линк за on-line уплата која изнесува 600 денари;
Чекор 3 – после уплатата ќе добиете потрвден меил за прифаќање на вашето учество;

За Кралот и Кралицата има вредни награди од Про Спорт (скии, борд);
Доделувањето на стартните бројки ќе биде на 24.02. во хотелот Лоџ (спроти билетарата) од 08 до 09 часот;
Дали си спремен да одговориш на овој предизвик?
Пријави се веднаш!!!

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки