Јануарско искачување на Меденица (2.163мнв)

Mavrov 030115 Bistra (18)

На 31 Јануари 2016 год. ДПС Трансверзалец организира зимско искачување на врвот Меденица(2.163м).

Меденица со 2.163 метри е највисок врв на планината Бистра од каде што се отвора прекрасен пејзаж кон Мавровското Езеро и прекрасниот рекански регион.

Поаѓање во 06:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 600ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Цујо во Ѓ.Петров/

Карактеристични точки

Старт на акцијата: село Јанче (720 мнв)
Попатна точка: село Галичник (1.400 мнв)
Цел на акцијата: врвот Меденица (2.163м)

Зимска акција која започнува од с.Јанче од каде по маркирана патека се пешачи вкупно 2 часа до с. Галичник и уште 2.5 часа од с.Галичник до врвот Меденица.

Учесниците на акцијата можат опционално да се искачат само до Галичник и да уживаат во зимската идила.

Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови.

Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Пријавување и уплати најдоцна до 29.01.2016
070/641 998

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки