ЕЛЕМ повторно распиша повик за ски центар на Водно

Прво и најважно, државата најави ски центар во секое ќоше, а постоечките се заглавени во судбината да кубурат со снег, да не работат заради блокада по разни основи или да чекаат снег од небо.

А инаку ЕЛЕМ повторно распишаа повик за воспоставување на јавно–приватно партнерство за изградба на скијачки центар на Водно.

Врз основ на ревидираната проектна документација од ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл, зимско–рекреативниот центар ќе се состои од четири скијачки патеки (ако проектот е здраворазумен и една патека е многу или евентулано единствено доволна) во должина од 3,5 километри, кои од планинскиот врв ќе се спуштаат во правец на селото Нерези. Ски центарот треба да има три скијачки лифтови, ресторан и административна зграда со ски школа и изнајмување скии.

Официјално ЕЛЕМ не соопштува која е понудата што во третиот обид ќе ги натера инвеститорите да ги вложат во овој зимско рекреативен центар. За изработка на техничката документација изминативе две години ЕЛЕМ потроши над 265.000 евра.Vodno (10)

Заинтересираниот концесионер ќе треба самиот да инвестира во зимскиот комплекс, а во замена истиот ќе го добие на управување. Според измени и дополнувања на ДУП-от донесени минатата година од Општина Карпош, во урбанизација на овој дел од планината Водно е предвидено да се вклучат околу 45.000 метри квадратни во кои влегуваат Милениумскиот крст и останатите објекти на врвот.

Vodno (14)

На сметка на зелениот појас на Водно, за комуналната инфраструктура се предвидени 13.000 метри квадратни, осум парцели за хотелски комплекс близу селото Нерези, угостителски објект до Милениумскиот крст, пречистителна станица за фекална канализација, акумулација за вода, нова трафостаница, патишта и останата инфраструктура што ќе ја олесни работата на постоечките и на новопланираните објекти на Водно.

Линк, што пишувавме претходно…

vodno centar1

 

 

 

 

 

Х.Т.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки