Записи на Love Hiking: Реализиравме ноќна тура во зимски услови при невреме на Мусала

Отворена ОРГАНИЗИРАНА ЗИМСКА ТРЕКИНГ турана I Love Hiking – Group Macedonia, седруго е самолетна “зафрканција”

Организирана тура е нешто сосема поинакво од некои резултати на поединци, големината на отворена зимска трекинг тура е врв на сите тури што постојат во текот на останатите годишни времиња…отворена зимска ноќна тура е врвот на сите врвови ….. Зашто? Организирање, планирање, тим, разговори, ресурси, пријатели, сето тоа треба да биде на највисоко ниво за да не се случи да биде се каша-попара.

hiking musala

Тимот е јак, екипата е јака. Организацијата е добра, луѓето раскажуваат. Останатото е само лоша претпоставка на ти е што не биле.

Како тоа ние го правиме? Една мала школа за подобрување на зимските трекинг тури.

Извештај: Рила – Мусала 2925мнв 16/17- јануари 2016год.

Тргнавме рано од Скопје. Со една замисла за турата, таа што ни беше по програмата. Но се случи нешто што се вика неврeме во Бугарија, додека во сончева Македонија немаше снегулка од снегот во соседна БуЛгарија патиштата не беа проодни. Со самото тоа некаде кај Ќустендил наравивме мала измена на планот кој се вика план Б или рамковен Ќустендилски договор. Тргнавме директно кон Боровец. Снег, невреме на Рила – Боровец. Качувањето го започнавме со 13 члена од екипата, додека 5 члена оставивме да одмораат во снежната идила во Боровец.

hiking musala borovetz

Првиот дел го изодевме во неполни 3 саати со една пауза во ќукарката на ски-лифтот каде што добрите вработени кога слушнаа дека ќе се качуваме ноќе на врвот Мусала ни пуштија и греење од изненаденост, чудење и поддршка! Доста снег имаше на врнато така што имавме доста и за пробивање.

Големината на човекот се изразува преку неговите одлуки. Организацијата се одликува исто така со добра проценка, така што има решение за сите недоумици кои би можеле да се јават во иднина.

hiking musala (3)

Хижа Мусала. Одлуката на некои да не продолжат и со тоа да не го успоруваат темпото на другите од екипата е голема одлука и вредна за почити, бездруго е одлика на вистински планинар.

Тука на правивме мала пауза за ручек. Времето почна да се влошува и да се стемнува. Патот до заслонот Ледено езеро не беше пробиен, знаевме дека имаме многу за газење. Им оставивме радиостаница на двајцата наши членови што останаа во хижата и тргнавме. Првата угорнина беше многу напорна ,ветерот се зголеми, снегот почна посилно да удира по лицата, неможам а да не споменам дека во екипата имавме 4 силни девојки од кои би ја одвоил наша Маја која доста долго време го пробиваше патот напред, јако газеше во снегот и другата беше Габи која во чекор ја следеше Маја и од оваа тура си ја присвоивме и станува наша. Другите 2 девојки беа директорката Марина и брзата Благица.

До заслонот Ледено Езеро веќе не стемни. Со последни сили стигнавме до светлото кое го означуваше влезот. И тука падна одлука за останување во дом поради исцрпеност. Убавината и искуството на тимот во организирањето е претпоставката за можните случувања во иднина. Како?Резервиравме по неколку места во секој дом за ако имаме ситуации да бидат соодветно и убаворешени. Инаку сите домови беа, нормално, полни.

Мало закрепување со какао, ставање на челни лапми и со намокрени ракавици тргнавме со последни сили ама со голема желба да се искачиме НОЌНО на традиционално Бугарско зимско искачување на Мусала.

hiking musala (2)

Почнавме да ги ловиме столбовите кои веќе воопшто не се гледаа. И дојдовме до сајлата. 40 минути ни требаа со држење по сајлата да се искачиме до горе. Сијалицата која беше светло на крајот од тунелот ја изрази нашата радост која беше длабоко во нас, а не знаевме дека е тука.

Ветер 18 m/s или 70-80 km/h, време -7 °C felt like -28°C , снегот што врнеше беше како некој цело време да ти фрла многу ситен песок во лице!

hiking musala (7)

Метеоролошка станица Мусала 2925 мнв ..приказна за себе. Државна струја, парно во секоја соба, вц со шоља, славина, вода…. ниту еден дом го нема ова задоволство. Среќни и весели добивме честитки од сите во домот хижа Мусала ,каде имаше Бугари, Срби и Македонци. Честитки Честитки се качивте на тоа невреме бравоооо !! Се слушаа овации преку радиостаницата. Голем подвиг за пак ќе речам ОТВОРЕНА ОРГАНИЗИРАНА ТУРА, не поединци во поход. 8 члена ја качија Мусала ноќе и останаа таму да преспијат. Боровец 1350 мнв – Мусала 2925 мнв. Искачување од 1575 мнв со многу разгазување и правење пат низ снегот во тешки зимски ноќни услови. Патешествие кое траеше 9 часа со сите одмори.

hiking musala (4)5

hiking musala (6)

Утредента дојдоа и останатите од нашата екипа се сликавме и се вративме во Боровец. Продолживме по планот Б. Сапарева бања за убаво закрепнување. И, нормално завршвиме на шопинг во Софија ,за работите што ги земавме долго да не потсетуваат на оваа фантастична тура која не направи уште по зависни по планинарењето.

hiking musala (4) hiking musala (5)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки