Italian Job на Кирковски за 10 часа горе доле Монт Блан

Најпрвин вредно е да напоменеме дека ваквите брзински искачувања се понов тренд во високогорството низ Македонија и се вредни за поздравување и внимание. Секое искачување на алпските врвови над 3500 метри побарува високо ниво на физичка спремност и искуство, но брзинските искачувања се јасна динстинкција за физичката подготвеност и достигнувања во однос на стандардното планинарење и искачување врвови.

aleksandar kirkovski planinsko trcanje mont blanc

Mакедонскиот високогорец и активен натпреварувач во планинско трачање Александар Кирковски вчера оствари нов соло подвиг, брзинско искачување на највисокиот западно европски врв Монт Блан 4810 м но од подолга и потешка италијанска страна.

Како што самиот објави “Соло успон/спуст на класичната италијанска рута на Мон Блан за севкупно време 9ч 58м. Со старт ниско во долината Вал Вени рутата е долга, дива, физички тешка и значително поретко посетувана. Прописно ме измачија овие 30K со 3100D+, ориентацијата и губењето по глечерот Miage со челна лампа, карпестите секции, стрмнините и гребените без цепин на солиден ветар, соло слаломот на отворениот глечер Dome близу пладне, дехидрираноста. Голема благодарност до Петар и Мики за скромната но исклучително значајна логистика на домот Gonella 3070м и до ФПСМ за поддршката. Зад елитите сме далеку, но секое кревање на МК стандардите нека биде мотивација за спортско надминување.

Кирковски шести пат го искачува Монт Блан , а минатата година го искачи од стандардната француска рута за вкупно време 6 часа 26 минути со што постави македонски рекорд во брзинско искачување.

Акцијата е дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а Кирковски беше придружуван од Петар Ивановски и Димитар Тодоровски.

 

Ѕирни GPS запис 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки