Планинарскиот клуб “Македон“ организира искачување на највисокиот врв во Австрија Гросглокнер 3798 мнв од 15.07. до 22.07 2015 година. Водич на акцијата е Александар Кирковски. Бројот на учесници е ограничен на осум.
Програма:
15.07. – поаѓање од Скопје во попладневните часови
16.07. – пристигнување во Австрија рано наутро и по кратки подготовки поаѓање од местото Lucknerhaus (1925 m) кон планинарскиот дом Erzherzog-Johann hut (3454 m). Искачувањето трае околу 5-6 часа. Сместување во планинарскиот дом.
17.07. – Искачување на врвот Гросглокнер 3798 мнв по нормалната рута (PD+ / UIAA II / 40°) и спуштање до Lucknerhaus, потребно време околу 7 часа. Сместување во камп во гратчето Калс.
18.07. – Ден за одмор и прошетки
19.07. – Трансфер до долината Врата под Триглав. Подготовка и искачување до планинарскиот дом Кредарица (2515 мнв) преку ‘Томиншкова пот’ – via feratta. Ноќевање во домот.
20.07. – Искачување на врвот Триглав 2864 мнв и спуштање преку Долич и Лукња кон долината Врата. Ноќевање во Аљажев дом.
21.07. – Резервен ден
22.07. – Враќање во Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Во цената е вклучено:
– Превоз
– Ноќевање во дом Erzherzog-Johann
– 2 ноќевањa во камп во Kals (зависно од временските услови)
– Ноќевањa во дом Кредарица и Аљажев дом
– Ноќевање во хостел во Љубљана доколку не се искористат резервни денови на планина
– Организација и водство на акцијата
Цената за учество е 300 евра. Крајниот рок за пријавување е до 01.06.2015 година. Повеќе инфо на: kps@makedon.mk или 070390540 (Алек)
skimacedonia
