Oтворена еднодневна акција на Караџица со врвот Убава и Остри врв

ПК Македон организира отворена еднодневна акција на Караџица со врвот Убава 2352 м.н.в. и Остри врв 2340 м.н.в. во недела на 17 мај 2015.

Турата е кружна и започнува од с. Патишка река (1243 м.н.в) од каде се одвојува макадам кон врвот Убава, па по гребенот, Остри врв и бачилото по друг пат се спушта кон Патишка река и е во траење од 6-7 часа (во зависност од спремноста на групата). Во зависност од условите турата може да се изведе до само еден од врвовите и враќање по истиот пат. Турата не е премногу тешка (првиот дел е по макадам), но е подолга и бара доволно подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително треба да се понесат солидни планинарски обувки, гамашни, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можни остатоци од снег и променливо време, а од храна лесна храна/овошје. По патот ќе се изведуваат и кратки паузи и поголема пауза кај бачилото, од каде се продолжува надолу до селото.
ostri
Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Патишка река. Бројот на местата се ограничени.

Пријавувањето e задолжително на e-mail или по телефон на tonidimitrov@gmail.com или 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до петок 15 мај 2015. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани.

Цената за турата е 300 денари.

Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво.

11194632_10153112542266387_4681164231798043425_o

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки