Интернационален оutdoor фестивал во Демир Капија

Качување карпи, планинарење, трчање, возење велосипед, премиера на документарен филм снимен во Демир Капија, забавни натпревари и пријателска забава со камперски оган, се дел од активностите кој ќе имате прилика да ги искусите на International Outdoor Festival во Демир Капија на 13, 14 и 15 мај оваа година. Сите љубители на спортот, рекреацијата и природата се добредојдени да го искусат и уживаат во еден од најубавините региони на Македонија. Спортските федерации и клубови кои се заинтересирани за учество или организирање на некаква активност исто така може да стапат во контакт со фестивалот. Повеќе детали за настаните ќе следуваат во претстојниот период. До тогаш уживајте во видео од минатогодишниот фестивал.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки