Деновиве се случува најголемата трка во ски алпинизам Пиера Мента која што започна во Ареш, Франција. Ова е 31 издание, а трката трае 4 дена со нови и тешки стази. Како што велат, вкупно се поминуваат околу 10 000 метри разлика без ДДВ!
Илина Арсова е дел од овој ски настан, а во прилог нејзината објава “Денес за појадок имавме 2000 и нешто метри висинска разлика качување и уште толку спуштање на скии Ден 2, Пиера Мента, најголемата трка во ски – алпинизам, Ареш (Фр). Вкупно се искачуваа 4 врвови/премини меѓу кои и стрмни кулуари, а снежнните услови беа перфектни за скијање. Поздрав до победниците на денешната трка: незаменливите Килиан Жорнет и Матео Жакемо, до останатите храбри натпреварувачи, а секако и до нас поддржувачите кои без малку ја истеравме истата траса”
skimacedonia






