skimacedonia

Водење на планина 50 евра вадење од планина 5000 евра

National Park Galicica 0647

Денес, од југот на Македонија стигна уште една информација дека биле спасувани залутани планинари кои кинисале на фронт, да го пробиваат Кајмакчалан. Патот им излегол предолг од првичните замисли, па за назад барале некој да ги спаси. Новите посетители на планините, покрај тоа што имаат добар ентузијазам, треба навистина добро да се припремат кога одат на непознат терен. Тоа подразбира реален пристап …

повеќе »

Како помина најзабавниот Mavrovo Maximum Adventure 2017

mavrovo maximum adventure vertigo skycam

Mavrovo Maximum Adventure е авантуристички летен настан кој веќе четврти пат се одржува на падините на Бистра во Маврово. Настанот годинава се одржа од 09 до 11 Jуни, а претставува корпоративен собир, каде вработените од над 50 компании аматерски се натпреваруваат во адреналински спортови и авантуристички игри. Видеото е на специјалците од Vertigo

повеќе »

ЗАПАДНА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА

prv makedonska transferzala (FIRST MACEDONIAN TRAVERSE)

Следи го настанот ЗАПАДНА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА или ПРВАТА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА е планинарска патека која се протега од Љуботен до Охрид. По своите карактеристики тоа е најдолгата планинарска патека во Македонија, а веројатно е и една од потешките планинарски патеки од овој тип во Европа. Ги покануваме планинарите и планинарските друштва да земат учество во организираното поминување на Западната Македонска Трансверзала …

повеќе »

Едно од најтешките спасувања на планина во Грција

e_2_orig olimp

Повеќе од 20 часа траела спасувачката операција на македонскиот планинар Н.И., кој самоиницијативно надвор од организираната група планинари тргнал кон освојување на врвот Стефани и заглави по пат во обид да искачи дел од масивните врвови на Олимп. Непристапниот терен и нестабилното тло им ја отежнувале спасувачката операција на грчките спасувачки единици. Повикот за спас бил регистриран од службите околу …

повеќе »

Marker ја стопираше продажбата на омилените везови Kingpin

marker-kingpin-10

Производителот на ски опрема Marker престана да ги продава омилените ски везови Kingpin како одговор на тужбата за повреда на патент и авторски права поднесена од G3 Genuine Gear Inc, фирма која тврди дека таа ги пронашла и патентирала новите технологии, кои до сега беа вградени во Kingpin везот наменет за турно скијање. Согласно правните документи, Marker во судот во …

повеќе »

Снег ги освежи алпите мало разладување и кај нас

19477435_hintertux

Снегот во високите алпски зони не е нешто што недостасува, но секое освежување носи радости посебно во пониските делови каде обично во лето снегот и го нема. Ова освежување ќе дојде и до нас на кратко, па ќе осетиме мало разладување во недела и понеделник. После тоа брзо се враќаме во модот печење, УВ индексот е многу висок, доколку движите …

повеќе »

„Фемина 8-3“ изложба во КИЦ

ilina arsova femina 8-3 korab

Следи го настанот Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на Скопско лето и во соработка со Културно информативниот центар КИЦ од Скопје, имаат чест да Ве поканат на изложбата „Фемина 8-3“ која ќе се отвори во среда 28.06.2017 во 20:00 часот во галерискиот простор на Културно информативниот центар КИЦ во Скопје. Третото издание на „Фемина 8-3“ дефинира ликовен пристап …

повеќе »

Јабланица – импресии од нов член на планинарската заедница

FB_IMG_149863660jablanica

Недела, се разбудивме рано наутро во 06 часот во с.Дренок. Навидум мислевме дека сме на концерт на кој главни уметници беа птиците.. Прекрасно започнат ден! Нашата дестинација овој пат беше с.Горна Белица (Струшко), од каде започнуваше и нашата авантура искачување на Црв Камен (2.258м) на планината Јабланица. Јабланица е втора по големина планина во западната Шарска област]. По сртот на …

повеќе »

Зошто чепнавте во интимата на Шар Планина???

FB_IMG_1498633038072 leshnica

Јован Божиновски e претседател на ПК Љуботен и дел од неформалната група на здруженија “Пријатели на Шара” чија цел е Шар Планина да стане национален парк. Покрај појавувањето во традиционалните медиуми, дополнително ја запраша јавноста и оние кои се директно одговорни за тоа што и се случува на планината деновиве. “Пред 22 години (1995) прв пат бев на Лешница. Пред …

повеќе »

Државно првенство во едрење

drzavno prvenstvo edenje ohrid

Државно првенство во едрење Според годишниот регатен календар во организација на Едриличарската федерација на Македонија – ЕФМ (facebook.com/macedoniansailing) и ЕК Снегар – Струга (facebook.com/SailingSnegarStruga) се одржа критериумско државно младинско едриличарско првенство во класите Оптимист, Ласер 4.7 и ревијално учество во кадет 470ка. Своите едриличарски способности, едриличарите од струшките и охридските клубови ги покажаа на регатното поле пред Градска Плажа во …

повеќе »
Оди на лентата со алатки